Top Sport

Трамп го „декласираше“ Рони О’Саливен за Мастерс титулата (видео)

Џад Трамп далеку полесно од очекувањата го победи Рони О’Саливен со 10:4 во финалето на Мастерсот во Лондон и заработи 200.000 фунти.

Трамп направи огромна предност во првата сесија (7:1), и потоа рутински ја донесе партијата до крај за прв Мастерс трофеј покрај неговата круна од УК шампионатот.

„Не верував дека некогаш ќе станам шампион тука, но играв добро и опуштено од почеток. По 7:1 во првата сесија не се опуштив, бидејќи знаев дека Рони може да се врати“, вели Трамп.

Од Трамп се очекуваше многу кога ја освои првата титула од УК шампионатот во 2011 година, но наместо тоа му беа потребни дури осум години за да ја освои втората од „трите круни“.

Scroll to Top