Top Sport

Наполи „извлече“ победа против Лацио (видео)

Наполи се намачи, но со победа го стартуваше пролетниот дел од сезоната во Серија А, откако со 2:1 на „Сан Паоло“ беше подобар од Лацио, кој мечот го заврши со 10 играчи.

Хозе Калехон и Аркадиуш Милик постигнаа два гола во период од само три минути од 34. до 37. минута за да најават лесна победа на „партенопеи“, меѓутоа Лацио се врати преку фантастичниот Чиро Имобиле во 65. минута, иако надежта за кам-бек беше уништена со тоа што Франческо Ачерби во 70. минута доби втор жолт картон.

Наполи сега има 47 поени на второто место на табелата во Серија А и се доближи на шест од лидерот Јувентус, кој има и натпревар помалку. Лацио е на петтото место со 32 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top