Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) смета дека нема потреба трансродовите спортистки да го намалуваат нивото на тестостерон за да се натпреваруваат со женските спортски категории, одлука која наиде на многу контроверзи.
Како дел од новата работна рамка пред Зимската Олимпијада во Пекинг следната година, ИОЦ смета дека не треба да има предрасуди дека трансродовите жени (односно тие кои се родени како мажи) имаат биолошка предност над женските ривалки. Претходно, ИОЦ бараше да се заддржи нивото на тестостеронот под 10 n/mol за литар 12 месеци пред натпреварувањето.
Ова носи нов проблем, покрај биолошките предности кои ги имаат трансродовите спортистки во мускулната маса и градбата на коските, бидејќи во превод значи дека тестостеронот веќе не е забранета супстанција за трансродовите спортисти, вели поранешната британска пливачка Шерон Дејвис.
„Како може тестостеронот да биде на листата на забранети супстанции, а да не биде проблем за тие кои се родени мажи во женскиот спорт. Ова значи дека има фер спорт за мажите, но не и за жените“, вели Дејвис.