Top Sport

Trash talk – Вајлдер до Џошуа; „Ќе ти ја завршам кариерата“

Дионтеј Вајлдер не ги бираше зборовите кога го предизвика Ентони Џошуа на меч, овојпат со најсериозна закана додека продолжуваат преговорите за мечот за обединување на титулите во тешка категорија.

ВБЦ шампионот Вајлдер, кој го „уништи“ Бермејн Стиверн во првата рунда, посакува што е можно побргу да влезе во рингот со ВБА и ИБФ шампионот Џошуа, и да го „разоткрие“ пред милиони гледачи. Џошуа претходно јавно изјави дека тој ќе одлучува за мечевите, и 32-годишниот Вајлдер се почувствува навреден.

„Јас сум подготвен. Не знам за тебе. Досега ти беше супер-лесно. Сакаш никакви противници и да те плаќаат милиони долари, но јас сум човекот кој ќе стави крај на твојата кариера“, вели „Бронзениот бомбардер“ во интервју за ЕСПН.

Вајлдер исто така вети дека ќе го врати боксот каде што му е местото, кога во тешката категорија имаше боксери како Мухамед Али, Џо Фрејзер и Џорџ Формен, сфаќајќи го значењето на можниот меч меѓу двајцата.

„Ова е еден од најголемите, највозбудливите и најинтересните мечеви во историјата. Можеме да поставиме рекорди и да направиме историја“, додава Вајлдер.

Вајлдер го „здроби“ Стиверн во една рунда!

Scroll to Top