Top Sport

Трчаше и пазеше да не му „излета“ пенисот, па заврши последен

Италијанскиот атлетичар Алберто Нонино (18) учествуваше на трката на 400 метри на Светското првенство до 20 години во Кали, Колумбија. Младиот Италијанец на трката се појави без долна облека, што му пречеше на патот до победата.

Нонино беше еден од фаворитите на трката на 400 метри, но беше попречен поради тоа што мораше да ја прилагодува својата спортска опрема. Поради ова, тој не можеше да трча нормално.

Нонино имаше добар почеток на трката, во еден момент водеше, но на половина пат недостатокот на долна облека му уништи се. Тој мораше да ги крие гениталиите со рацете. На крајот целосно ја загуби концентрацијата и целосно се откажа кога виде дека сите го престигнаа.

Scroll to Top