Австралискиот тренер Дарен Кејхил, еден од најреспектираните тениски тренери на денешницата, беше во центарот на мал скандал на ВТА финалето во Шенжен, откако ја нарече шампионката од Вимблдон, Романката Симона Халеп „срамота“ во обид да ја мотивира да се врати во игра.
Халеп загуби со 6:0/2:6/6:4 од Каролина Плишкова во меч со многу промени, но поразот е во сенка на контроверзното однесување на Кејхил. Неколку минути откако самиот кажа дека е горд на Халеп што израмнила во вториот сет, Кејхел ја нападна Халеп откако таа почна да губи со 0:2 во одлучувачкиот сет.
„Симо! Симо, погледни ме! Последните три гема си срамота на теренот. Фокусирај се меѓу линиите. Се загуби таму. Заборави на резултатот, како ќе го завршиш овој меч?“, велеше Кејхил.
Ова не првпат Кејхил да ги губи нервите со Халеп – пред две години тој ја напушти тренерската позиција на Мајами опен по слична расправија, пред да ја обноват соработката и да ја предводи Халеп до титулата од Ролан Гарос. По ова тие престанаа да работат заедно, за оваа година повторно да се заедно.
На Халеп не и пречеше однесувањето на тренерот.
„Да, тоа можеби беше малку претерано, но сигурна сум дека го заслужив бидејќи не бев смирена. Сменив нешто во однесувањето. Бев малку лута и сигурна сум дека и тој се налути. Сега ми реба одмор да заборавам на тенисот, а потоа пак ќе работиме“, вели Халеп.
For anyone that missed it. Here is Darren Cahill calling Simona Halep a disgrace. (Via Paul Grogan) pic.twitter.com/l7RwNBFM3x
— Paps (@DatGoneIt77) November 1, 2019