Top Sport

Надал го „умори“ Цонга, во полуфиналето во Париз против Шаповалов

Рафаел Надал направи чекор напред кон враќањето на првото место на АТП листата со пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз, турнир кој никогаш го нема освоено, откако со 7:6(4)/6:1 го совлада домашниот фаворит Жо-Вилфрид Цонга.

По израмнетиот прв сет, Надал, во кој се играше поен-за-поен и Шпанецот успеа да го добие дури во тај-брејкот, во вториот тој доминираше.

Следен за Шпанецот е младиот Канаѓанец Денис Шаповалов, кој неочекувано лесно со 6:2/6:2 го совлада Гаел Монфис за да му ги уништи шансите за пласман на АТП финалето и да го комплетира составот. Шаповалов доаѓа на турнирот со својата прва АТП титула, откако минатиот викенд го освои Стокхолм опен.

Поразот на Монфис, значи дека осмиот патник за АТП финалето во Лондон е Италијанецот Матео Беретини, кој првпат ќе игра на турнирот од 10 до 17 ноември. Беретини е првиот Италијанец со пласман на елитниот завршен турнир кај мажите по Корадо Барацути во 1978 година.

Покрај Беретини на турнирот се квалификувани Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Данил Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Александер Зверев.

Scroll to Top