Top Sport

Трето злато за Марте Ројселанд

Марте Олсбу Ројселанд стана олимписка шампионка во потера., во бијатлонската трка на ЗОИ во Пекинг. Фантастичната Норвежанка, без проблем ја одбрани предноста која ја стекна во трката на 10 километри. Ројселанд, во досегашниот тек на Игрите има освоено четири медали, три нив се златни.

Норвежанката во потерата влезе со предност од 30 секунди. Лесно ја одбрани таа предност, на стрелиштето беше речиси беспрекорна, промаши само еднаш. На крајот забележа време 34:46.9 минути.

Во однос на спринт трката, немаше промена ниту на второто место. Среброто го освои Елвира Оберг од Шведска. Таа три пати беше непрецизна и во целта имаше послаб резултат за една минута и 36 секунди.

Сонародничката на Ројселанд, Тирил Екох, на крајот заврши на третото место.

Scroll to Top