Австрлиецот Нејтан Багали, светски првак во кајак и освојувач на два олимписки медали, поради шверц на кокаин, се соочува со доживотна затворска казна. Багали, на Олимписките игри во Атина 2004 година, освои два сребрени медали, а во кариерата три пати бил светски првак.
Неговиот брат Дру Багали и Ентони Дрејпер, биле уапсени во 2018 година, по драматична потера на австралиската морнарица и воздухопловство. Тие патувале 11 часа за да ја преземат 650 килограми кокаин од странски брод.
Вредноста на дрогата изнесувала 130 милиони евра.
Нејтан не учествувал директно во акцијата, меѓутоа тој го купил бродот, со кој неговиот брат и Дру и Ентони Дрејпер требало да ја соберат дрогата. Нејтан Багали го опремил бродот со сателитски телефон и навигациска опрема.
Пред судот Дру Багали и Ентони Дрејпер си ја префрлале вината, додека Нејтан Багали рекол дека со парите што ги добил од својот брат го купил бродот. Рекол дека неговиот брат го убедил дека бродот ќе го користи за гледање на китови.
Сепак, на траката со која била прикиена регистраската ознака на бродот биле понајдени отисоци од прстите на Нејтан.
Браќата се соочуваат со доживотна казна затвор, бидејќи до 2009 година поради продажба на екстази биле осудени на 18-месечна затворска казна.