Елис Кристи, британската репрезентативка во брзо лизгање последниве денови го привлече вниманието на јавноста откако отвори профил на OnlyFans, каде што ги продава своите „18+ фотографии“ и видеа за месечна претплата од 11 долари за да ги собере парите потребни за патување на Зимски Олимписки Игри во 2026 година.
View this post on Instagram
Трикратната светска шампионка ги пропушти Олимписките Игри во Пекинг во 2022 година поради повреда на лигаментите, по што во интервју за „Би-би-си“ објави дека се пензионира. Сепак, подоцна најави дека ќе се обиде да обезбеди пласман на следните Олимписки Игри.
Таа истакна дека патувањето до Милано и Кортина д’Ампецо ќе мора сама да го финансира, па развила план како да ги собере потребните пари. Таа веќе почна да го промовира профилот на OnlyFans, а даде неколку интервјуа во британските медиуми за да објасни зошто се одлучила на овој чекор. Сепак, сите причини се сведуваат на една работа – пари.