Top Sport

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот на рекордни осум титули од Лондон, Роџер Федерер во пресметка за која ќе се зборува со години.

Федерер имаше две меч-топки кои не ги искористи во петтиот сет, но на крајот мораше првпат во историјата на турнирот да се игра тај-брејк во петтиот сет (досега се играше додека еден тенисер не направи два гема предност), во кој Ѓоковиќ покажа повеќе нерви и на крајот стана шампион со својата прва меч-топка за 7:3.

Ова е четврти гренд слем трофеј од последните пет за 32-годишниот Ѓоковиќ, и вкупно 16-та гренд слем титула.

„Мислам дека ова беше, ако не највозбудливото, тогаш меѓу топ 3 најдобрите мечеви во мојата кариера и тоа против Роџер, кого многу го почитувам. Двајцата имавме шанси за победа и не ми се верува дека се вратив по две меч-топки. Беше чудно да се игра во тај-брејк. Роџер кажа дека сака да им даде инспирација на тие на 37 години и јас сум еден од нив. Го кажав тоа и во минатото, но кога бев дете сонував дека ќе играм на Вимблдон и ќе победам. Посебно е што мојот син е на трибните“, изјави Ѓоковиќ.

Scroll to Top