Предвидениот трет меч помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер нема да се случи поради истекот на правото на Американецот за римеч, и сега 32-годишниот „Џипси кинг“ има отворена можност да боксува со Ентони Џошуа во британска пресметка за обединување на титулите во тешка категорија.
Фјури требаше да боксува со 34-годишниот Вајлдер во третиот меч на 19 декември во Лас Вегас, откако во февруари му ја одзеде ВБЦ титулата со спектакуларен нокаут. Сега на патот на дуелот Фјури-Џошуа стои само бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев, со кого Џошуа треба да боксува на 12 декември, иако постојат шпекулации дека менаџерите на Џошуа ќе му исплатат огромна сума на Пулев да се откаже од мечот.