Top Sport

„Тркачот“ на Супер болот тврди дека заработил 375.000 долари од истрчувањето

Јури Андраде, човекот од Флорида кој успеа да истрча на теренот за време на Супер болот помеѓу Темпа Беј баканирс и Канзас Сити чифс (во розев костум за капење), тврди дека заработил 375.000 долари откако се обложил дека ќе успее да го направи егзибицискиот чин.

31-годишниот Андраде излета на теренот во последната четвртина од најголемиот американски спортски меч и од полицијата доби обвинение за нелегално влегување на приватен посед. Тој тврди дека платил 1.000 долари за да излезе од затвор, и дека му останале 374.000 долари од облогот.

Според него, тој се обложил 50.000 долари на онлајн обложувалница дека ќе истрча на теренот, по што купил два билети за натпреварот и ангажирал еден пријател да му помогне во попречувањето на обезбедувањето на стадионот.

Scroll to Top