Top Sport

Тур де Франс во 2021 ќе стартува првпат од Данска

Тур де Франс во 2021 година ќе стартува од една од највелосипедските нации на светот, Данска, со отварање во Копенхаген, потврдија организаторите на трката по големиот број на шпекулации.

Најславната велосипедска трка ќе започне со трка на хронометар околу данската престолнина, по што ќе се возат уште две етапи во Данска – една покрај брегот од Роскилде до Ниборг, по што ќе следува спринтерска етапа од Вејле до Сондерборг.

Тур де Франс оваа година ќе стартува во Брисел, Белгија за да се прослави 50-годишнината од првата победа на славниот белгиски велосипедист Еди Меркс.

ТдФ првпат стартуваше надвор од Франција во 1954 година, кога стартот беше во Амстердам. Данска е 10. земја во која има „гран депар“ по Холандија, Белгија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Велика Британија, Шпанија, Ирска и Монако.

Scroll to Top