Top Sport

Турски боксер ја убил девојката со кујнски нож!

Турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу е уапсен откако со кујнски нож ја убил својата девојка во неделата во градот Муглу во југозападна Турција

Турките медиуми јавуваат дека Кемалоглу повикал брза помош откако неговата 25-годишна девојка Зејнеп Сенпинар била избодена во градите со нож за леб. Инцидентот се случил при расправија за време на муслиманскиот празник Бајрам додека двајцата биле во изолација.

26-годишниот боксер по инцидентот се обидел да си го одземе животот и бил однесен во локалната болница каде што му била пружена медицинска помош.

Scroll to Top