Top Sport

На денешен ден Џеси Овенс постави четири светски рекорди за 45 минути

Џеси Овенс е сигурно едно од најлегендарните имиња во историјата на светската атлетика, и неговиот успех од 25 мај 1935 година речиси сигурно ќе остане вечен – човекот постави четири светски рекорди за само 45 минути.

Тогаш 21-годишниот Овенс, студент на Охајо стејт универзитетот на Биг тен шампионатот постави три нови светски рекорди и израмни четврти пред 5.000 луѓе на теренот на Универзитетот на Мичиген.

Овенс истрча 100 јарди за 9.4 секунди, израмнувајќи го светскиот рекорд, скокна 8.13 метри во далечина, истрча 220 јарди за 20.3 секунди рушејќи го рекордот од 20.60 кој траеше девет години, и потоа истрча 220 јарди со пречки со 22.6 секунди, рушејќи го рекордот од 23.00 поставен во 1924 година. И тоа се од 15.15 часот до 16.00 часот!

Scroll to Top