Поранешниот светски рекордер во маратон Вилсон Кипсанг Кипротич бил уапсен во Кенија бидејќи не го почитувал полицискиот час.
Кипротич бил меѓу 20 лица кои биле уапсени во еден бар во градот Итен, во Кенија. Во оваа африканска држава поради коронавирусот е воведен полициски час кој трае од 17 часот до 7 часот.
Инаку Кипротич на почетокот на годината е суспендиран бидејќи ги уништил мострите предвидени за допинг-тестот.
Овој атлетичар во 2012 година на Олимписките игри во Лондон го освои бронзениот медал.
Кипротич во кариерата има победи на маратоните во Њујорк и Токио.
Најдоброто време во кариерата го истрчал во 2016 кога со светски рекорд 2:03.16 часа победил во Берлин.