Top Sport

Што ќе се случи со „Златната топка“

Доделувањето на наградата „Златна топка“ е само една од многуте спортски церемонии чие одржување оваа година е под знак прашалник поради коронавирусот. Проблем за доделувањето на нагрдата директно не е коронавирусот бидејќи таа се доделува во декември туку фактот што фудбал нема да се игра во поголемиот дел од годината.

Засега не се оптимистички најавите дека ќе продолжат натпреварите во Лигата на шампионите, а поради вирусот КОВИД-19 Европското првенство и Копа Америка се одложени за наредната година.

Одлука што ќе се случи со доделувањето на престижната награда засега нема, но извесно е дека нема да се одржи. Исто така веројатно е дека нема да се одржи ниту доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот што ја организира ФИФА.

Како стојат работите ќе биде доделена само наградата „Златна копачка“ која веројатно ќе му пропадне на напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле.

„Златната топка“ ја доделува „Франс Фудбал“, а во изборот учествуваат 193 новинари од целиот свет.

Scroll to Top