Top Sport

Уапсени четворица мажи кои го посетиле Киптум

Полицијата во Најроби уапсила четворица мажи кои биле во домот на светскиот рекордер во маратон Келвин Киптум кога одбиле да се легитимираат, само неколку дена пo неговата смрт.

„Сомнителните лица“ беа приведени откако таткото на Киптум, Самсон Шериот повика на истрага за шокантната смрт на неговиот син.

Киптум, татко на две деца, загина во сообраќајна несреќа откако во неделата вечерта изгубил контрола над свјот автомобил „Тојота Премио“.

Во несреќата загина и неговиот тренер од Руанда, Герве Хакизимана, додека една жена со тешки повреди е пренесена во болница.

AP Photo

Ден по трагичната несреќа, Шериот изјави за кениската државна телевизија дека властите треба да ги истражат мистериозните мажи бидејќи тој верува дека нешто не е во ред.

„Тие рекоа дека бараат нешто, а сега, кога се случи сето ова, ги прашувам што бараа тогаш. Што бараа од мојот син, затоа што одбија да се легитимираат?“

Атлетската федерација на Кенија објави дека погребот на Киптум ќе се одржи на 24 февруари. Киптум ќе биде погребан во семејната куќа во Чепшам во близина на Елдорет, срцето на долгите патеки на Кенија, во западниот дел на земјата.

Scroll to Top