Top Sport

УФЦ: Адесања неприкосновен, го реши Бразилецот Коста во втората рунда

Пресметка во УФЦ 253 во Абу Даби синоќа меѓу Израел Адесања и Пауло Коста му припадна на борецот од Нов Зеланд кој има нигериско потекло. Адесања го одбрани појасот во средна категорија откако во втората рунда го „реши“ противниот од Бразил задавајќи му серија сериозни удари, по што дојде до 20-та победа во ММА кариерата.

Тој се уште не знае за пораз, а синоќешниот беше првиот пораз за Коста во кариерата.

Во првата рунда не беше премногу возбудливо, Адесања постојано гаѓашее во нозете на Коста и тотално го забави, но во втората рунда експресно ја заврши работата.

Scroll to Top