Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија, Белорусинот Андреј Арловски, има совршен начин за оддржување на социјално дистанцирање во време на пандемијата на корона вирусот – со пламенофрлач.
„Подготвен сум да го изгорам КОВИД-19. Сега знам што ќе ја прашам мојата прекрасна сопруга Милана Арловскаја да ми купи за роденден. Одличен начин за заддржување на социјална дистанца“, напиша Арловски на Инстаграм.
41-годишниот Арловски речиси 20 години е дел од УФЦ шампионатот, а последен пат беше во октагонот на 13 мај, кога го победи Бразилецот Филип Линс во Џексонвил. Тој исто така го предизвика Мајк Тајсон на „мешана“ борба – една рунда ММА, една рунда бокс.