Top Sport

Ѓоковиќ ги носи Тим и Димитров на турнеја низ Балканот

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е организатор на низата егзибициски мечеви под името „Адрија тур“, која во ова за тенис сушно лето ќе донесе малку акција за неговите колеги и забава за луѓето од Балканот.

Турнејата започнува во Белград (13-14 јуни), продолжува во Задар (20-21 јуни), па во Црна Гора (27-28 јуни), Бања Лука (3-4 јули) и дуел на 5 јули во Сараево помеѓу Ѓоковиќ и Дамир Џумхур.

Најголема ѕвезда на турнејата ќе биде трикратниот гренд слем финалист, Доминик Тим, кој иронично е човекот кој се спротистави на иницијативата на Ѓоковиќ за финансиска помош на понискорангираните турнири. Потврден е и бугарскиот ас Григор Димитров, како и српскиот тенисер Виктор Троицки.

Собраните пари од билетите ќе одат во хуманитарни цели преку фондацијата на Ѓоковиќ.

Scroll to Top