Полјакот Јан Блахович стави крај на сонот на Израел Адесања да влезе во УФЦ историјата, користејќи ја својата сила и големина за да победи на поени и да ја заддржи титулата во средно-тешка категорија во главниот меч на УФЦ 259 во Лас Вегас.
Новозеланѓанецот со нигериско потекло, Адесања, кој е актуелен шампион во лесна категорија со 20-0 скор, се обидуваше да стане само петтиот УФЦ фајтер со два појаси, но не успеа да остане на нозе во последните две рунди, примајќи удари кои едноставно не можеше да ги одбрани. Судиите му дадоа 49:45 двапати и 49:46 на Полјакот.
„Ќе беше подобро да го нокаутирав, но и вака оваа победа ми е една од омилените, бидејќи тој е еден од најдобрите на светот. Тоа значи дека сега јас сум еден од најдобрите на светот. Многу почит кон него, но мислам дека и јас заслужувам почит“, вели Блахович.