Top Sport

УФЦ: Бугарскиот тешкаш Иванов загуби на поени од Луис (видео)

Единствениот бугарски УФЦ фајтер, тешкашкот Благој Иванов по вторпат е поразен во октагонот, откако во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк загуби на поени од рекордерот по број на нокаути во тешка категорија, Дерик Луис.

Иванов успеа да го собори Луис веќе во првата рунда, но Американецот успеа да стане на нозе и упати неколку силни удари, кои бугарскиот тешкаш ги изддржи. Во втората рунда, Луис повторно влезе во опасна серија, но кога поранешниот Самбо шампион Иванов се повлече, повторно успеа да го собори и се обиде да го реши мечот со „Американа“, пред Луис повторно да застане на нозе. Во третата рунда акцијата се успори и сите обиди на Иванов да го реши мечот предвреме беа залудни, по што тој загуби со 1-2 кај судиите.

Scroll to Top