Top Sport

Хамилтон: ФИА го „скроти“ моторот на Ферари!

Светскиот шампион Луис Хамилтон верува дека Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реагирала и затоа Ферари веќе ја нема големата предност во однос на брзината на Американското ГП во Остин.

Околу моторите на Ферари цела година има голем број на шпекулации и повеќе тимови бараа објаснување од ФИА за потенцијално нелегалната предност на Скудерија.

„Нека протестираат! Тогаш сите ќе видат колку се глупави нивните обвинувања и шпекулациите ќе престанат“, изјави оваа недела шефот на Ферари, Матија Биното.

Но, сега Мерцедес сметаат дека последната техничка директива на ФИА значи дека е „укротена“ предноста на Ферари.

„Доволен факт е тоа што имаме прва пол-позиција од Хокенхајм“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф, но Луис Хамилтон беше подиректен: „Очигледно Ферари загубија дел од моќта поради ФИА, така што ќе биде интересно во трката“.

Scroll to Top