Top Sport

УФЦ дивата Ван Зант со „жешко“ видео го промовираше сајтот за возрасни

Поранешната УФЦ фајтерка, Пејџ Ван Зант, која сега се префрли во бруталната дисциплина на бокс без ракавици (БКФЦ), со „жешко“ видео ја промовираше соддржината на нејзиниот нов сајт, која секако, ќе биде достапна само за претплатници.

27-годишната Американка, која загуби во БКФЦ дебито од Британ Харт минатиот месец, се приклучи на долгата листа на згодни девојки кои се обидуваат да заработат повеќе преку популарниот веб-сајт „OnlyFans“. Иако не се работи за класичен порно-сајт, соддржината на овие страници за претплатници честопати се состојат од разголени и провокативни соддржини.

Ван Зант и претходно не се срамеше да го покаже своето тело преку својата Инстаграм страница, но за дополнителниот материјал ќе треба да платите 9.99 долари месечна претплата.

„Се забавувавм споделувајќи секси соддржини за моите секси фанови. Нема да одам во детали што се случува, но ако сте љубопитни, кликнете на тој линк и дознајте“, напиша Ван Зант.

Scroll to Top