Top Sport

УФЦ: „Драго“ се враќа во УФЦ октагонот против Блејдс на 20 јуни

Новата УФЦ ѕвезда во тешка категорија, Александер „Драго“ Волков ќе се врати во октагонот на 20 јуни против треторангираниот Кертис „Рејзор“ Блејдс.

Поранешниот шампион во Белатор, Волков, има само еден пораз во УФЦ, нокаутот од Дерик Луис во меч во кој доминираше, но потоа стигна до пет победи во најтешката класа. Волков го носи прекарот „Драго“ по славниот боксерски филм „Роки 4“ и советскиот џин (во улога на Долф Лундгрен).

Од друга страна, Блејдс има два порази во УФЦ, двата од Френсис Нгану, но има низа од три победи, од кои последната против Жуниор Дос Сантос во јануари. Со победа двајцата сигурно ќе се меѓу кандидатите за титулата. Локацијата на мечот не е објавена, иако се верува дека ќе биде во Лас Вегас.

Scroll to Top