Top Sport

Бундеслигата нема да ги казнува протестите на фудбалерите

Германската фудбалска федерација (ДФБ) дозволи фудбалерите во Бундеслигата да ги поддржуваат протестите по смртта на Џорџ Флојд, и покрај тоа што вообичаено ги казнува политичките протести.

ДФБ потврди дека нема да се поднесе дисциплинска постапка против фудбалерите на Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими и Џејдон Санчо, Вестон Меккени од Шалке и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах, кои протестираа со маички и со симболи за време на мечевите. Санчо доби жолт картон откако го соблече дресот за да покаже маичка со „Правда за Џорџ Флојд“, но тоа беше поради соблекувањето на дресот, а не поради слоганот.

ФИФА исто така го прекрши сопственото правило објавувајќи дека федерациите треба да имаат „здрав разум“ во дозволувањето на протестите.

„Во овој специфичен случај, се работи за намерни акции за да се покаже анти-расизам, вредности кои ДФБ ги поддржува“, изјави претседателот на дисциплинската комисија на ДФБ, Антон Нахрајнер.

Scroll to Top