Еден од кандидатите за УФЦ титулата во тешка категорија, Камерунскиот „ѕвер“ Френсис Нгану на социјалните мрежи сподели фотографија и приказна за неговиот животен пат, откако пред седум години бил во затвор во Шпанија за нелегално влегување во Европа.
Со четири спектакуларни нокаути во првата рунда во последните четири меча, Нгану го потврди својот статус на еден од најдобрите во тешката категорија и специјалист за нокаути. Пред седум години беше сосема поинаку.
„2013 – пред седум години бевме ослободени од шпанската власт откако два месеци бевме во затвор за нелегално влегување во Европа од море. Ова дојде по една година обидување да заминеме од Мароко. Немав ништо, освен сон и верба во остварување. Некои луѓе ќе ви кажат дека е предоцна, дека не можете да успеете, дека тоа не е за вас, дека не сте вредни. Тие гласови се тука да ве спречат да го остварите сонот и судбината. До вас е да ги тргнете од умот и да ги игнорирате негативните работи“, пишува 33-годишниот Нгану.
Како поранешен работник во фабрики за песок кој потекнува од семејство на улични борци, Нгану вели дека патот до Европа бил „пекол“.
„Си заминав од Камерун на 26 години и ми требаше една година да стигнам до Франција, бидејќи одев од Камерун до Нигерија до Нигер, па Алжир и Мароко преку морето до Шпанија. Беше пекол“, додава Нгану.
По излегувањето од шпанскиот затвор, Нгану стигна до Париз, каде што беше бездомник пред да почне боксерска кариера. Но, по тренирањето во вежбалната „ММА фактори“, тој беше забележан и почна со ММА борбите.
tell you that it’s too late, that you can’t make it, that it’s not meant for you, that you’re not worth it, or that you can’t succeed without them (while their lives aren’t an exemple of success). Those voices are always around the corner to make you quit your dream (2/3) pic.twitter.com/844DwaaxbB
— Francis Ngannou (@francis_ngannou) June 11, 2020