УФЦ фајтерот во средно-тешка категорија, Гаџимурад Антигулов предизвикал тепачка во својот роден Дагестан во Русија, откако одбил да престане да пие алкохол на една свадба.
Антигулов, кој има несреќна низа од четири порази во УФЦ октагонот и последен пат се бореше во октомври, почна да фрла со храна кон жените на свадбата во регионот во Северниот Кавказ откако тие му забележиле што пие алкохол на муслиманската свадба. По кратко убедување со други луѓе, Антигулов се налути на нешто што му беше кажано по што почна хаосот. Иако на снимката се гледа ка како ситуацијата се смирува, човекот со кого Антигулов беше во расправија потоа надвор од зградата бил нападнат.
Антигулов се извини преку Инстаграм.
„Јас сум обична личност. Јас сум ММА фајтер, не сум пророк. Како сите смртни луѓе, понекогаш правам грешки, ги признавам и се опоравам“, вели 33-годишниот Антигулов (20-8), кој вели дека не нападнал никого, но прифати да ги сноси медицинските трошоци за повредениот.