Поранешниот УФЦ фајтер Родриго де Лима го загуби животот во својот роден Бразил во неделата откако по расправија со еден возач на Убер на бензинска пумпа, тој го прегазил со својот автомобил.
Во инцидентот во градот Белем, возачот Жеферсон Рожер Масиел го удрил одзади пред да избега од местото. УФЦ фајтерот Микел Празерес, кој е близок пријател на Да Лима изјави дека Де Лима, попознат како „Монстро“ бил во својот автомобил кога почнала расправијата.
Родриго имаше 26 години, беше оженет и имаше две деца.
UFC veteran Rodrigo de Lima killed in hit-and-run in Brazil (@guicruzzz) https://t.co/B6JplVBcEP pic.twitter.com/ALgtCFlbvE
— MMAFighting.com (@MMAFighting) April 22, 2019