Top Sport

„Ѕверот“ Харден со 50 поени по деветти пат оваа сезона (видео)

Џејмс Харден имаше 50 поени и трипл-дабл за Хјустон рокитс да ги совладаат Сакраменто кингс со 119:108 во „Тојота центарот“. Ова беше неверојатен деветти меч во кој „брадата“ имаше 50 поени, завршувајќи го мечот и со 11 скока и 10 асистенции.

Рокитс имаа 101:100 водство во средината на последната четвртина, пред Харден да погоди три слободни фрлања, да положи двапати и да додаде тројка за предноста да ја направи 111:102. Клинт Капела додаде 24 поени и 15 скока, а Крис Пол 22 поени и 5 асистенции за Рокитс за официјално да ги елиминираат Кингс од плеј-офот

Мајами хит повторно победија на гостувањето во „Медисон сквер гарден“, триумфирајќи со 100:92 над Њујорк никс предводени од Дион Вејтерс, кој имаше 28 поени и шест асистенции. Хит (38-38) го држат осмото место во Истокот, последно кое води во плеј-офот, за да победат вторпат во низа првпат од 27 јануари.

Мајами добија дабл-дабл од Горан Драгиќ (10 поени, 10 асистенции), Кели Олиник (12 поени, 11 скока) и Хасан Вајтсајд (17 поени, 13 скока).

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Бостон 110:96

Хјустон – Сакраменто 119:108

Детроит – Портланд 99:90

Индијана – Орландо 116:121

Њујорк – Мајами 92:100

Чикаго – Торонто 101:124

Минесота – Филаделфија 109:118

Феникс – Мемфис 115:120

Scroll to Top