Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, конечно, ја откри својата идеја за „Островот на борби“ во јули, откако закажа дури четири настани на островот Јас во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.
Претседателот на УФЦ откри дека ќе има четири настани во јули, почнувајќи со УФЦ 251 на 11 јули, по што следуваат мечеви на 15, 18 и 21 јули. УФЦ го организира настанот во партнерство со Одделот за култура и туризам на Абу Даби.
„За да се исполнат потребните здравствени препораки, Абу Даби ќе организира безбедноста зона од 25 километри на островот Јас, каде што ќе има арена, хотел, објекти за тренинзи и ресторани. Во оваа зона ќе им биде дозволен влез само на УФЦ тренерите и борците“, објавија од УФЦ.
Распоредот на борбите уште не е утврден.
#UFCFightIsland starts July 11, 15, 18 and 25th YAS Island, Abu Dhabi #InAbuDhabi @VisitAbuDhabi pic.twitter.com/JGLioBhw4c
— danawhite (@danawhite) June 9, 2020
CONFIRMED! ?@DanaWhite provides all the details for #UFCFightIsland which will be happening #InAbuDhabi. @VisitAbuDhabi pic.twitter.com/QjIVpmO0ru
— UFC (@ufc) June 9, 2020