Top Sport

УФЦ го шутна „Украинскиот Мекгрегор“ – фалсификувал победи!

УФЦ федерацијата го отстрани од својот ростер Аксар Можаров, фајтерот кој имаше прекар „Украински Мекгрегор“ поради сличноста со ирската суперѕвезда, по обвинувањата дека го лажирал својот скор и запишувал победи кои не се оствариле.

Можаров беше отпуштен од УФЦ по само еден меч, откако загуби во првата рунда од Американецот Алонзо Менифилд, но поголема вест беше тврдењето на онлајн сервисот за ММА фајтери „Шердог“, кој објави дека тој пријавил скор од 25-7 во октагонот, иако всушност имал само 18-13 скор.

Истрагата исто така покажала дека Можаров легално го сменил своето име од Артур Шадаков, наводно за да се „избришат“ поразите кои му биле запишани под претходното име. Според „Шердог“, тој тврдел дека не се натпреварувал на одредени ММА натпреварувања, иако постоеле снимки од неговите настапи (и порази).

Scroll to Top