Top Sport

УФЦ: Холовеј со рекордни 455 удари го уништи Катар, сега чека на Волкановски

Поранешниот шампион во перо категорија, Макс Холовеј ја доби крвавата битка во пет рунди против Калвин Катар на УФЦ Фајт ајленд 7, за да стане еден од фаворитите за борба со Александер Волкановски за појасот во велтер актегорија.

Холовеј започна фуриозно со голем број удари во главата на Катар, но тој остана на нозе во неверојатните први две рунди и покрај огромниот број на удари кои ги доби. Катар малку се врати во третата рунда, во која беше порамноправен протовник, но Холовеј потоа доминираше и во последните две рунди, но Катар изддржа се и како вистински воин остана на нозе до крај, добивајќи 455 удари во текот на мечот, што е нов УФЦ рекорд.

Карлос Кондит и Мет Браун исто така имаа фантастични пет рунди, во кои Кондит ја прекина низата од пет порази и стигна до победа, додека српскиот фајтер Душко Тодоровиќ го доживеа првиот пораз, откако во првата рунда беше претепан до Пунахеле Соријано.

Scroll to Top