Top Sport

УФЦ ќе исплаќа бонуси за „мајсторски“ мечеви во биткоини

УФЦ федерацијата ќе почне да им исплаќа нов бонус на своите фајтери во криптовалути, почнувајќи од мечевите на Флорида овој викенд.

Новиот „Бонус од фановите“ ќе биде поделен меѓу тројца фајтери кои гледачите ќе ги прогласат како најдобри, со 60.000 долари во биткоин кои ќе ги поделат тројцата.

„’Crypto.com’ е наш  партнер помалку од една година, но уште сега ќе кажам дека е најдобриот партнер кој сме го имале. Постојано имаат нови идеи за заедничка работа и за поврзување со фановите. Ова е фантастичен пример за тоа“, изјави претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.

УФЦ потпиша десетгодишен договор со „Crypto.com“ минатата година,  се верува дека тој „тежи“ 175 милиони долари.

Досега, борецот кој ќе имаше најдобра вчер добиваше бонус од 50.000 долари.

Scroll to Top