Top Sport

УФЦ: Кормиер брутално го „стопираше“ Миочиќ (видео)

Даниел Кормиер стана само вториот човек со две УФЦ тежински титули во исто време, откако го нокаутираше Стипе Миочиќ по само 4:33 во првата рунда во главниот меч на УФЦ 226 во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас.

„Бев тешкаш долго време и си заминав од категоријата, и долго време размислував дали можам да бидам шампион. Сега го знам тоа!“, изјави Кормиер.

Минатиот јули, Кормиер беше нокаутиран од Џон Џонс со удар во главата во меч од тешка категорија, кој потоа беше поништен поради позитивниот тест на Џонс. Сега, тој е само петти борач (покрај Ренди Кутур, Би Џеј Пен, Конор Мекгрегор и Жорж Сен Пјер) со титули во две различни УФЦ категории. Само уште Мекгрегор ги имаше титулите во исто време.



Scroll to Top