УФЦ шампионот во средно-тешка категорија, Џон „Боунс“ Џонс бил уапсен поради возење под дејство на алкохол и невнимателно користење на оружје во Албукерки, Њу Мексико.
Според локалните ТВ-мрежи, полицајците реагирале по вестите за истрели и го пронашле Џонс во неговиот автомобил, по што тој паднал на тестот за алкохол во крвта. Во неговиот автомобил бил пронајден пиштол и шише текила.
Ова не е прв судир на законот за Џонс. Во 2012 година, тој се изјасни како виновен за возење под дејство на алкохол, добивајќи 1.000 долари казна и одземање на возачката дозвола откако со своето Бентли удри во бандера во Њујорк. Во 2015 година, во Албукерки тој удри бремена жена во друго возило и избега, по што доби 18 месечна условна казна затвор, а УФЦ му ја одзеде титулата. Во 2019 година тој беше обвинет за удирање на една келнерка во ноќен клуб во Албукерки.