Членот на Куќата на славните на УФЦ, Чак Лидел е уапсен за домашно насилство во неговата куќа во Лос Анџелес, објави „ТМЗ спорт“.
Според нивните информации, во понеделникот наутро се случила расправија на Лидел со неговата сопруга, која потоа преминала во физички напад. Кога пристигнала полицијата, го уапсила Лидел и поставила кауција од 20.000 долари.
Лидел, еден од најславните УФЦ фајтери во историјата во кариерата ги победуваше Тито Ортиз, Витор Белфорт, Ренди Кутур и според многумина беше првата вистинска ѕвезда на федерацијата. Тој се пензионираше минатата година, а неодамна беше боксерски судија на мечот помеѓу Арон Картер и Ламар Одом.