УФЦ легендата Андерсон Силва се врати на боксот со фантастичен успех, победувајќи го поранешниот светски шампион Хулио Цезар Чавез Јуниор на поени во Гвадалахара, Мексико, во својот прв боксерски меч од 2005.
По спориот старт на мечот, Силва почна со дел од менталните игри по кои беше познат во УФЦ кариерата, користејќи необични агли за удар и предизвикувајќи го Мексиканецот. По ова, тој го искористи очигледниот умор да противникот за по осум рунди да биде прогласен за победник со 77:75, 77:75, 75:77. 46-годишниот Силва имаше 99 удари во споредба со 53 на Чавез.
„Пресреќен сум. Работев напорно бидејќи го сакам боксот и долго време сакав да ја искажам таа љубов. Сега одам дома, мојот син наскоро има меч, а потоа можеби повторно ќе се вратам во рингот“, вели Силва.