Хорхе Масвидал е подготвен да се врати во октагонот и да го замени Жилберт Бурнс како противник на Камару Усман за мега-меч на УФЦ 251.
Бразилецот Бурнс беше позитивен на корона вирусот во Лас Вегас, каде што УФЦ ги тестира своите фајтери пред да ги прати на „Островот на борбите“ во Абу Даби следната сабота. Бурнс доби шанса за меч против ѕвездата Усман откако УФЦ не успеа да се договори за финансиските услови со Масвидал и со Англичанецот Леон Едвардс, но сега тој најави дека подготвен да се врати во кафезот преку Твитер.
И покрај тоа што УФЦ со ова го загуби главниот меч за УФЦ 251, таму ќе има уште два меча за титулата. Александер Волкановски ќе има ри-меч со Макс Холовеј во перо категорија, и се очекува ова да биде главниот меч, додека Жозе Алдо и Петр Јан ќе се борат за слободната титула во бантам категорија.