УФЦ пресметката во лесна категорија помеѓу Конор Мекгрегор и Доналд „Каубој“ Серон е „завршена работа“, вели аналитичарот Џо Роган, потврдувајќи ги шпекулациите дека двајцата фајтери веќе се договориле за мечот.
Ова не е првпат да се најавува меч меѓу Мекгрегор и Серон, откако американската ѕвезда Серон претходно овој месеци изјави дека ќе оди категорија погоре и ќе ја брка титулата во лесна категорија. 35-годишниот Серон го уништи Александер Ернандез во последниот меч во јануари, за негова 22 победа во кариерата.
Мекгрегор, пак, ќе се врати во октагонот по крајот на неговата суспензија во април за хаосот кој го предизвикаа тој и Хабиб Нурмагомедов во октомври, кога Ирецот се предаде по четири рунди. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт исто така изјави дека сака дуел Мекгрегор-Серон во блиска иднина.
„Сакам да го видам Конор во акција ова лето, а ако Серон го сака тој дуел, ќе го добие. Каубој се бореше со сите кои му ги ставивме пред него, и иако беше аутсајдер ја заврши работата“, изјави Вајт во февруари.