Top Sport

УФЦ момент – Си го „бараше“, за малку ќе си го „добиеше“

УФЦ фајтерот Андре Јуел беше предмет на потсмев на социјалните мрежи откако доби брутален удар во стомакот од канадскиот ривал Шарл Журдан кој за малку ќе го чинеше брутален нокаут на УФЦ Вегас 45.

Јуел и така губеше на поени одурдан, едвај „преживувајќи“ ја втората рунда, но некако успеа да остане на нозе и во финишот на третата рунда го предизвика противникот, сакајќи да покаже дека не му е ништо, пред да добие удар во стомакот, и најверојатен нокаут доколку имаше повеќе време.

На крајот Журдан победи на поени за да го подобри својот скор на 14-2 во УФЦ.

Scroll to Top