Top Sport

УФЦ: Најзгодната УФЦ фајтерка со нов пораз (видео)

Мишел Вотерсон, според многумина најзгодната УФЦ фајтерка, го забележа својот четврти пораз во девет УФЦ меча, откако загуби од 32-годишната поранешна УФЦ шампионка, Карла Еспарза на поени.

Вотерсон сметаше дека направила доволно за да стигне до победата, по што беше шокирана од одлуката на судиите (27:30, 29:28, 30:27). Во мечот немаше многу акција, иако многу фанови сметаа дека Вотерсон беше поактивна.

Во првата рунда, без многу удари, Еспарза во финишот ја собори Вотерсон, а втората рунда и припадна на Американката, пред во последната рунда, Вотерсон да се обиде да ја заддржи контролата од далеку упатувајќи неколку удари со ногата. Сепак, Еспарза имаше два одлични удари во последната минута, која очигледно беше одлучувачка.


Scroll to Top