Top Sport

Дали Динамо Дрезден ќе го уништи враќањето на Бундеслигата?

Откако имаа два позитивни теста на корона вирусот, германскиот второлигаш Динамо Дрезен  објави дека целиот тим оди на 14-дневен карантин, фрлајќи сомнеж околу враќањето на Бундеслигата најавено за следниот викенд.

Двете први лиги во Германија треба да стартуваат на 16 мај со мечеви без публика и со низа на сериозни мерки за безбедноста на фудбалерите, но од Динамо Дрезден, клуб кој е на последното место на табелата, објавија дека нема да можат да го играат својот меч против Хановер.

„Во петокот, на 8 мај, третата серија на тестирања за КОВИД-19 покажа дека има два нови случаи во Динамо Дрезден. Фудбалерите беа без симптоми во последните денови, но анализата на ситуацијата посочува дека е потребна 14-дневна изолација на целиот тим, вклучувајќи ги тренерите и придружниот персонал“, се вели во соопштението на Дрезден.

Scroll to Top