Top Sport

Ферстапен самоуверен: Јас сум најкомплетниот возач во Ф1

Возачот на Ред бул, Макс Ферстапен не верува дека има „покомплетен“ возач во Формула 1 од него, покажувајќи дека и покрај огромниот талент сепак му недостасува малку скромност.

Ферстапен има две победи оваа сезона и на само седум поени зад Валтери Ботас на третото место во генерален пласман, предводејќи ги Ред бул во нерамноправната битка со Мерцедес и Ферари.

„Почнав многу млад, така што тоа е нормално. Многу од возачите стартуваат во Формула 1 на 21 или 22 години. Ако ги погледнете сите возачи во Формула 1 денеска, мислам дека нема покомплетен возач од мене, иако тие иамат по 29 или 30 години. Зошто мислам така? Бидејќи сум брз, секогаш сум постојан, работам добро со тимот“, вели Ферстапен.

Ако минатата сезона доби прекар „Лудиот Макс“ по конфликтите на патеката со повеќе возачи, оваа година тој е нарекуван „Зрелиот Макс“, но вели дека ништо не е сменето.

„Го правам истото како и претходно. Мислам дека се навикнаа на мене и имам целосна доверба на мојот тим“, додава Холанѓанецот.

Scroll to Top