Top Sport

УФЦ: Нејт Дијаз е во притвор, тврди дека делувал во самоодбрана

УФЦ легендата Нејт Дијаз се пријавил на полицијата во Њу Орлеанс во четвртокот наутро откако тие објавија потерница по неговото учество во улична тепачка во која фајтерот „успива“ еден противник, Родни Питерсон, професионален борец.

Дијаз е обвинет за насилство, што во Луизијана може да му донесе максимална затворска казна од 2.000 долари. Неговиот агент, Зек Росенфилд за „ТМЗ“ изјави дека видео-доказите покажуваат дека Дијаз делувал во самоодбрана.

Проблемите за Дијаз доаѓаат откако тој се согласи на дуел со Јутјуб ѕвездата, Логан Пол во август во Тексас. 38-годишниот Дијаз повеќе од 15 години беше во УФЦ, каде што беше најпознат по двата меча против Конор Мекгрегор во 2016, добивајќи го првиот по предвањето на Ирецот и губејќи во реваншот на поени.

Scroll to Top