Top Sport

УФЦ: Нгану бара меч за титула по нокаутот по 71 секунда (видео)

Френсис Нгану повторно покажа дека е еден од УФЦ борачите со најсилен удар, откако го нокаутираше поранешниот шампион Жуниор Дос Сантош по само 71 секунда од нивниот дуел на УФЦ на ЕСПН во Минеаполис во саботата.

Откако Дос Сантош направи грешка и влезе преопасно во еден напад, Нгану прво го удри во вилицата, по што со неколку удари го реши победникот на мечот, по што јасно порача дека е време да добие повторно шанса за освојување на титулата.

Шампионот Даниел Кормиер ќе го брани појасот на 17 август во Анахајм, Калифорнија против поранешниот шампион Стипе Миочиќ, кој пак го доби дуелот со Нгану минатата година. Од тој меч, Нгану ги „смачка“ своите тројца противници – Куртис Блејдис, Каин Веласкез и Дос Сантош за вкупно 2 минути и 22 секунди.

Scroll to Top