Top Sport

Нејмар го теши Суарез: Ти си многу голем, брату!

Нејмар го поддржа својот поранешен соиграч од Барселона, Луис Суарез, откако Уругваецот утна пенал при поразот на пенали од Перу во четврт-финалето од Копа Америка.

Суарез беше единствениот фудбалер кој утна во пенал-серијата за да дозволи Перу да победи со 5:4 по 0:0 ремито и Уругвај да испадне без загубен меч. Суарез беше во солзи по мечот, а Нејмар, кого шпекулациите го поврзуваат со враќање во Барселона од ПСЖ, преку Инстаграм му понуди поддршка.

„Стани! Ти си многу голем, брату. Те сакам пријателу“, напиша Нејмар.

И покрај тоа што замина од Барселона, Нејмар остана многу добар пријател со Суарез и со Лео Меси.

Луис Суарез трагичар, Уругвај испадна од Копа Америка (Видео)

Scroll to Top