Top Sport

УФЦ: Од нокдаун во првата рунда Џинглијанг се врати со импресивен нокаут (видео)

Преживувајќи го нокдаунот во првата рунда, кинеската ММА атракција, Ли Џинглијанг се врати со импресивен нокаут над Германецот Давид Цавада во третата рунда.

Мечот во велтер категорија од УФЦ Фајт најт 141 во Пекинг беше главното шоу на вечерта, и имаше финиш каков што очекуваа кинеските фанови.

Цавада при обид да избегне комбинација удари од противникот, го прати Џинлијанг на подот, но тој се врати на нозе во интересната прва рунда. „Враќањето“ се случи по 4:07 во третата рунда, кога Кинезот го погоди противникот во стомакот во последната минута завршувајќи го мечот.

Scroll to Top